Фатен жител на Мешеишта што за време на полициски час палел коли на шумски полицајци

пред 3 години

Рано утрово, охридската полиција уапсила 33-годишен жител на селото Мешеишта, кој е осомничен дека околу полноќ запалил два автомобила во селото, сопственост на припадници на Шумската полиција.

„На 05.04.2021 околу 03.30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.Т.(33) од с.Мешеишта, охридско, поради сомнение дека околу 00 часот во с.Мешеишта предизвикал пожар во две патнички возила, и тоа „Мерцедес“, со охридски регистарски ознаки, сопственост на З.М.(41) од селото Лешани и „санг јонг корандо“, сопственост на И.Ј.(48) од селото Требеништа,“ се вели во полициското соопштение.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Охрид, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.

Scroll to Top