Филипче: Во февруари ги добиваме првите дози на вакцината од „Фајзер“

пред 3 години

Република Северна Македонија во февруари ги добива првите дози на „Фајзер“ вакцината, соопшти на социјалните мрежи, министерот за здравство Венко Филипче.

„Денеска попладне е постигнат директен договор со компанијата, а количина ќе биде позната во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на ‘Фајзер’ ќе пристигнат во март и април“, нагласува Филипче.

Чест ми е да информирам дека во февруари ги добиваме првите дози на Фајзер вакцината. 💪

Република Северна Македонија во…

Posted by Венко Филипче on Среда, 30 декември 2020

Тој воедно додава дека Министерството за здравство продолжува разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ, како и преку „Ковкакс“ механизмот од каде се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини.

„Ова е одлична вест за сите граѓани и прв чекор кон конечна победа над пандемијата“, вели министерот кој додава и дека во текот на јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на вакцините и со тоа македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата.

Scroll to Top