Филипче: Лесна локална реакција на вакцината против Ковид-19 кај неколку здравствени работници

пред 3 години

Локално црвенило, мал оток околу местото каде е извршено боцкањето и мала болка, се регистрирани кај неколку од здравствените работници кои примија вакцина против Ковид-19 во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје.

Ова го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека станува збор за лесна локална реакција на вакцината.

– Освен црвенило, мал оток и болка, друга реакција на вакцината досега нема, посочи Филипче.

Scroll to Top