ФОТО: Полицијата растури бесна забава во стан во Скопје, пронајдена друга, приведени 13 лица

пред 3 години

Во стан во центарот на Скопје полицијата вчеравечер растурила забава на која присуствувале 13 лица. Во станот е пронајдени поголема количина дрога, пакувања кокаин, марихуана, екстази, амфетамини и друга дрога – информираше Министерството за внатрешни работи.

Дел од присутните бил фатени и како консумираат дрога. Против нив ќе бидат поднесени пријави до надлежното обвинителство.

„На 24.12.2020 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Скопје околу 21.30 часот извршија претрес на дом, по претходно обезбедена наредба од Основен кривичен суд Скопје во стан во центарот на Скопје, сопственост на правно лице. При претресот се затекнати 13 лица кои присуствувале на роденденска забава, а пронајдени се повеќе пакувања со кокаин, марихуана, екстази, амфетамин, хашишово масло и друга дрога. Приведени се М.К. (22), В.А. (28), М.И. (28), С.Г. (23), Р.Ј. (22), Р.В. (31), Г.А. (23), Н.К. (22), П.Г. (27), М.И. (21), Н.Ш. (23), Т.П. (22) и В.М. (23). Дел од лицата биле и затекнати додека консумирале наркотични средства. Против лицата ќе биде поднесени соодветни пријави до надлежното обвинителство“ – стои во информацијата од МВР.

Scroll to Top