Шведски државјанин пронајден починат на скопскиот аеродром

пред 4 години

Шведски државјанин вчера бил пронајден починат на скопскиот аеродром. Според информациите на МВР, вчера во 15 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.40 часот, во близина на тоалетите на Меѓународниот aеродром Скопје, од обезбедувањето на аеродромот бил пронајден починат А.Х.(67) од Шведска. Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство. Увид извршила екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. извор: Makfax

Извор: vecer.mk

Scroll to Top