Шекеринска за Ковачки: Ем лажго, ем плачко

пред 3 години

„Ем лажго – ем плачко“, ова е рекацијата министерката за одбрана Радмила Шекеринска по најавата за тужба од полковник Драган Ковачки ќе за казната од 30 посто пониска плата по пораката што тој ја упати до началникот на Генералштабот дека е „долга раката на ВМРО“.

„Да реагирав на твитер ке речев “ем лажго – ем плачко’. Тажно е кога еден офицер упатува закани, а особено против началник на Генералштаб. Срамно е и на пониско ниво, а особено кога против еден генерал ќе напишеш ‘долга е раката на ВМРО’. Не оди заедно и партиската и воената униформа. Полковникот покажува непознавање на законите. Во многу држави кога еден офицер партиски му се заканува на началник- генерал, тоа поминува со отказ. Можев да го одобрам и тоа и губење на чинот. Тој не доби отказ, јас сметав дека треба да му се даде последна опомена. А сега, кога е казнет од плата, тој плаче. Тоа е несоодветно за еден офицер“, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска на настанот по повод реновирање на објекти во скопската касарна „Илинден“.

Scroll to Top