СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски може да зборуваат само за кафеани, теретани и блокади, за други ем не ги бива, ем не знаат

пред 3 години

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан „на браникот на криминалот“ Мицкоски може да зборуваат само за кафеани, теретани, прекршување мерки, блокади и опструкции на здравствениот систем.

За друго ем не ги бива, ем не знаат.

Граѓаните многу добро знаат дека хистеричниот Мицкоски среде пандемија затвораше кафеани, прекршуваше мерки и го загрозуваше здравјето на граѓаните“, велат од СДСМ.

„Неговата министерка во техничката Влада, свесно го блокираше заемот од Светска банка за монтажните Ковид болници.

Неговиот Вело Марковски ги лажеше граѓаните дека вирусот не е опасен, дека не треба да се носат маски, и што ти уште не.

На сите им е јасно дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е само да наштети.

За тоа кој и колку треба да биде во изолација кажуваат здравствените стручни лица, а не лажговците од ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Scroll to Top