Шекеринска: Собранието да ги поддржи законските измени со кои професионалните војници ќе добиваат отпремнина од 25.000 евра

пред 3 години

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изрази надеж дека Собранието ќе даде зелено светло за да се отвори можноста за војниците со наполнети 45 години да заминат со испратнина до 25000 евра.

– Измените на Законот за служба во Армијата во прво читање едногласно поминаа на собраниската Комисија за одбрана и на Законодавно правната комисија. Се надевам дека час поскоро и Собранието ќе даде зелено светло за да отвориме можност за војниците со наполнети 45 години да заминат со испратнина до 25000 евра и да ставиме крај на политичката злоупотреба на Армијата, наведе Шекеринска на нејзиниот фејсбук-профил.

Scroll to Top