Шефот на данската дипломатија Кофод очекува Македонија што поскоро да почне преговори за членство во ЕУ

пред 3 години

Импресионирани сме од темпото со кое се одвиваат реформите во Северна Македонија и со нетрпение очекуваме што поскоро да почнат преговорите за членство на земјата во ЕУ, наведе на неговиот твитер-профил министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод, по вчерашната средба со македонскиот колега Бујар Османи.

– Импресионирани сме од темпото со кое се одвиваат реформите во Република Северна Македонија. Со нетрпение очекуваме да се отворат пристапните преговори со ЕУ што поскоро. Добар пример за регионот, посочува Кофод во објавата.

Кофод, средбата со Османи ја оценува како плодна, нагласувајќи дека со „добриот колега имале конструктивен дијалог за геополитиката на Западен Балкан“.

Scroll to Top