Ѓорѓевски: Градиме по план, општина Ѓорче Петров добива затворен базен

пред 4 години

Во училиштето Димитар Поп Георгиев Беровски со предвиденото темпо се гради затворениот базен кој е ветување во изборната програма на СДСМ, изјави Александар Ѓорѓевски, советник во Советот на општина Ѓорче Петров.

Тоj истакна дека вредноста на базенот е 38 милиони денари, а покрај учениците, ќе го користат и жителите на општината.

„Заедно со Агенцијата за млади и спорт, пред седум месеци започна изградбата на овој објект кој ќе биде одлична можност за рекреација, создавање здрави навики од најмала возраст и развој на пливањето како спорт“, посочи претставникот на СДСМ и додаде дека и во време на пандемија се продолжува со реализација на капитални инвестиции во општината.

Scroll to Top