Јанушев до Николовски: Фирмата на вашиот брат работи без да издава фискални сметки

пред 3 години

На денешната собраниска седница, Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ постави прашање до Љупчо Николовски, вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, дали знае дека неговиот брат преку фирма наплаќа готовина без да издава фискална сметка, а при тоа се кршат закони.

„Плаќање во готово без издавање на фискална сметка и фискални уреди не се дозволени. Значи прашањето господине вицепремиер за корупција ми е дали имате информација дека фирмата на вашиот брат овозможува, спротивно на Законот кој што го цитирав, за готовински плаќања промет на услуги, начин на плаќање без да се издаде фискална сметка“, го запраша Јнушев, Николовски.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дали Николовски е свесен за криминалот кој што се прави, но праша дали за тоа ќе се поведе одговорност.

Scroll to Top