(ВИДЕО) Милошоски: Заев и Филипче да кажат која е фантом фирмата поради која Кина одбила соработка со владата

пред 3 години

„Денес во Македонија стигнаа информации од странски медиум зошто Македонија е меѓу последните земји во светот по набавка на вакцини и по имунизација на населението. Денес за жал дознаваме дека трката по провизии била побитна од набавката на вакцини. Она што се обиделе во текот 2020-та година декември да го направат Заев и Филипче со вакцините е наместо да следат регуларна процедура за набавка на вакцини преку државните канали, е да ангажираат фантом фирма со регистрирана своја компанија во Хонг Конг“, рече Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа нашето главно прашање е денес кое е името на фантом фирмата која што е регистрирана во Хонг Конг и како министерството за здравство ја одбрало токму оваа компанија за да посредува при набавката на кинески вакцини.

Весникот „Ла верита“ објави дека првиот пат Кина одбила соработка со министерството за здравство и македонската Влада поради фактот што министерот за здравство побарал таа набавка да биде преку сомнителна компанија.

На прашање на новинарите денес премиерот Заев истакна дека таа приватна компанија била „Пауер Чајна“ односно „Синохидро“. Но според она што може да се види во регистарот на овие компании е дека ниту „Синохидро“, ниту „Пауер Чајна“ не се регистрирани во Хонг Конг. Ниту, пак истите важат за фантом фирми.

Затоа прашањето до Заев и до Филипче е како ја одбрале фантом фирмата од Хонг Конг и зошто преку оваа фирма требало да оди набавката на вакцини, и дали била дадена банкарска гаранција, и дали постои преддоговор со министерството за здравство.

Она што е трагично во целата ситуација е што од декември 2020-тата година до денес поминати се речиси три месеци, во тие три месеци во Македонија немаме вакцини, имаме само зголемен број на заразени и за жал наши сограѓани кои што го изгубија животот во борбата со пандемијата. Затоа сметаме дека за ваквото однесување преку фантом фирми би требало да се одговара не само по однос на Кривичниот законик туку и по однос на ризикот во кој што се доведени граѓаните и јавното здравје со погрешно делување и не набавка на вакцини“, изјави Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top