Ќе се гради пругата кон Бугарија

пред 4 години

Новиот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски, најави изградба на пруга на Коридорот 8, односно пругата до Бугарија.

Тој во својата прва прес конференција како министер изјави дека изградбата на патната и железничката инфраструктура се исклучително важни за државата.

„Во овој сектор не смее да има никакви импровизации“, нагласи Бочварски.

Меѓудругото, Бочварски најави доизградба на автопатот Кичево-Охрид.

„ Инвестициите во инфраструктурата, ги реализираме преку изградба и рехабилитација на преку 250 километри автопатска мрежа , изградба на 300 километри експресни патишта, преку 1.000 километри рехабилитација на регионални патишта и само преку Министерстото за транспорт рехабилитација на околу 450 километри локални патишта“, рече Бочварски.

Toj најави и изградба на преку 700 социјални станови , нови авиолини и доизградба на автопатот Скопје-Блаце.

Извор: makfax.com.mk

Scroll to Top