Возило излета кај пругата во Велес, повреден е возачот

пред 3 години

Вчера околу 08.20 часот на ул.„Димко Најдов“ во Велес се случила сообраќајна незгода во која возило „даеву матиз“ со велешки регистарски ознаки управувано од З.Т.(46) од Велес излетало од коловозот на железничката пруга. Во незгодата З.Т., се здобил со тешка телесна повреда и бил пренесен во болницата во Велес за укажување на лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот, соопшти полицијата.

Scroll to Top