Тешка сообраќајна несреќа во Кавадарци, повредени двегодишно и четиригодишно дете

пред 3 години

Две деца биле повредени во сообраќајка во Кавадарци, кога жена со „Мерцедес“, која во автомобилот ги возела децата, удрила во ѕид од куќа, информираше денеска Верољуб Додевски, портпаролот на СВР Велес.

„Вчера во 16:30 часот сe случила сообраќајна незгода на ул. „Ќиро Спанџов“ во Кавадарци, во која автомобил „Мерцедес“ со кавадаречки регистарски броеви управуван од С.М.(32) удрил во ѕид од куќа, при што, С.М. се повредила, исто така, се повредени и сопатниците, две деца, од три и четири години,“ вели Додевски.

Повредените биле пренесени во болницата во Кавадарци, а на местото на несреќата бил извршен увид, додаваат од полицијата.

Scroll to Top