148 сообраќајни прекршоци во Скопје, 54 за брзо возење

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден информира дека продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции, пет за возење без возачка дозвола, шест прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло), 48 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Scroll to Top