156 казни за брзо возење во Куманово

пред 3 години

Кумановската полиција во текот на денот спровела засилени сообраќајни контроли за санкционирање на возачи што возат со брзина поголема од дозволената.

Како што информираат од МВР, на територијата на Куманово поради овој прекршок биле казнети 156 возачи.

Од сообраќај биле исклучени осум возила, а две возила се одземени поради тоа што учествувале во сообраќај, а биле подолг период нерегистрирани. Санкционирани се и 23 возачи поради други прекршоци.

Од полицијата нагласуваат дека засилените контроли ќе продолжуваат и во наредните денови.

Scroll to Top