На автопатот Гевгелија – Куманово санкционирани 74 лица за брзо возење

пред 3 години

МВР соопшти дека вчера, по спроведената засилена сообраќајна контрола, на автопатот Гевгелија – Куманово се санкционирани 74 возила за движење со брзина поголема од дозволената.

Според МВР, од санкционираните, шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува МВР.

Scroll to Top