18-годишен прилепчанец извршил полови дејствија врз малолетничка во Кичево

пред 11 месеци

18-годишен прилепчанец вршел полови дејствија врз малолетничка во Кичево, полицијата го уапси.

Имено според МВР, утрово во 00:30 часот, во ОВР Кичево од слобода бил лишен К.М.(18) од Прилеп, со привремено прстојувалиште во Кичево.

Тој, претходно, кај Сточниот пазар во Кичево, извршил полови дејствија врз малолетничка.

Според полицијата, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Scroll to Top