36 прекршувања на забраната за движење, 412 санкции за неносење маска

пред 3 години

Од 20.00 часот вчера вечер до 05.00 часот утрово констатирано е дека 36 лица не ја почитувале забраната за движење, информира МВР.

Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 412 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.

Scroll to Top