(Видео) 15 прекршувања на забраната за движење, 480 казни за неносење маска

пред 3 години

15 лица ја прекршиле забраната за движење во периодот од 20.00 часот на 14.04.2021 до 05.00 часот на 15.04.2021, известуваат од министерството за внатрешни работи.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 480 прекршоци, велат од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел спречување на ширењето на Ковид-19.

Scroll to Top