Oпштина Гази Баба почнува хуманитарна акција „Месец на хуманост-# Гази Баба се грижи”

пред 4 години

Општина Гази Баба започнува со хуманитарната акција „Месец на хуманост -#Гази Баба се грижи” која ќе ја отвори градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, во Автокоманда, во 12 часот. Акцијата ќе трае еден месец, од денеска до 2 ноември.

Акцијата опфаќа донирање на храна, облека и мебел за лицата од ранливите категории, а ќе се организираат и еко акции за чистење на неколку клучни локации во општината, активности за подигнување на свеста за селектирање, рециклирање и собирање на отпадно масло за јадење, како и посебни денови за грижа на домашни миленичиња.

Партнери на општина Гази Баба во спроведувањето на оваа акција се „Сите Сити – Ајде Македонија“, „Љубезност“, „Црвен Крст при Гази Баба“, „Копче“, „Ретвитни оброк“, „Лице в лице“, „Пакомак“, „Суниленс“, „Нула отпад“ и „Шепасти ентузијасти“.

Исто така, во акцијата „Месец на хуманост – Гази Баба се грижи“ ќе бидат вклучени сите вработени во општинската администрација, бизнис заедницата, како и огромен број на јавни личности, функционери и волонтери кои несебично се понудија да го дадат својот придонес во рамките на оваа активност,

„Со ова акција сакаме да покаже дека секој граѓанин за нас е важен и добива еднаква шанса. Хуманоста и солидарноста се од најголема важност, особено во период кога се соочуваме со Ковид-19, вирус кој ни го промени животот, но и остави многу наши сограѓани со нееднакви шанси и можности за секојдневно функционирање и егзистенција“, соопштија од Општината.

Scroll to Top