Авион Ф-16 се урна во САД, во тек е потрага по пилотот

пред 3 години

Борбен авион Ф-16 од база во Висконсин се урнал во близина на езерто Мичиген за време на обука, соопштија денеска властите.

Во тек е потрага по пилотот, кој бил единствена личност во авионот, објави АП.

Авионот се урнал синоќа околу 20 часот, соопшти Одделот за воени работи во Висконсин.

Засега не се познати причините за падот на авионот, како и состојбата на пилотот, се наведува во соопштението.

Scroll to Top