Во Мексико се урна авион со 400 килограми кокаин

пред 4 години

Мал авион со кој се транспортирале 400 килограми кокаин се урна вчера во централниот дел на Мексико обидувајќи се да им избега на хеликоптерите на мексиканската армија.

Мексиканското Министерство за одбрана соопшти дека воени хеликоптери пресретнале авион откако навлегол во воздушниот простор на Мексико и го следеле се додека не останало леталото без гориво и се урна во близина на градот Ботихе.

При падот на авион загинаа две лица.

Scroll to Top