Австралискиот министер за здравство заврши во болница два дена по вакцинирањето

пред 3 години

Грег Хант, министерот за здравство на Австралија, заврши во болница два дена по вацинирањето, поради сомнеж дека е заразен со коронaвирусот.

Хант ја примил вакцината на „Астра зенека“ во неделата, а денес е хоспитализиран под сомнение дека се заразил, јавуваат локалните медиуми.

„Неговата здравствена состојба не е поврзана со вакцината“, објави кабинетот.

Хант е третиот член на австралиската влада на лекување, по министерот за одбрана Линда Рејнолдс и главниот обвинител Кристијан Портер.

Scroll to Top