Австралија ја одобри употребата на вакцината на „Астразенека“

пред 3 години

Австралиското регулаторно тело ја одобри употребата на вакцината на „Астразенека“ против Ковид-19, како втора вакцина одобрена во земјата. Вакцината на „Фајзер“  и „Бионтек“ е претходно одобрена и ќе биде достапна во Австралија следната недела.

Вакцината  на „Фајзер“ ќе се дава во две дози во растојание од три недели, додека вакцината на „Астразенека„ исто така ќе се дава во две дози, но со растојание од 12 недели.

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека регулаторното тело заклучи дека вакцината на „Астразенека“ е безбедна и ефикасна.

Министерот за здравство Грег Хант рече дека вакцината  на „Астразенека“ ќе спречи тешки заболувања од ковид-19.

За да покаже доверба во обете вакцини, премиерот Морисон ќе биде вакциниран со вакцината на „Фајзер“, а Хант со вакцината на „Астразенека“.

Scroll to Top