Австралија: Граѓаните да се тестираат за Ковид-19 и да останат дома

пред 3 години

Властите во најнаселената австралиска држава Нов Јужен Велс апелираа до жителите на трите најголеми градови да бидат тестирани за коронавирусот и да останат дома, затоа што постојат стравувања дека кластер на заразени од Сиднеј може да се прошири на целиот регион.

Тие стравувања резултираа со забрана за граѓаните на многубројни предградија да присуствуваат на крикетското дерби меѓу Австралија и Индија на 7 јануари, и беше испратен апел до сите да се тестираат доколку забележат какви било симптоми.

По откривањето на четири нови локални случаи, властите апелираа движењето да се сведе на минимум.

Scroll to Top