Австриското село Fucking го менува името

пред 3 години

По долги години изложеност на потсмев на целиот свет поради името на селото во кое се родени и живеат, жителите на местото Фукинг (Fucking) во Австрија одлучија да го сменат, јави Дојче Веле.

Малото село со околу 100 жители од 1 јануари ќе се вика Фугинг (Fugging), решија мештаните, објаснувајќи дека барале варијанта на име слично со сегашното, но која не значи ништо на англиски или на кој било друг јазик.

Необичното име на селото му донело зголемени приходи од туризам, а сообраќајниот знак на влезот често бил краден, раскажуваат жителите. Градоначалникот Андреа Холцер изјави дека селото, кое се наоѓа во Горна Австрија, северно од Салзбург и близу германскаата граница, од 1 јануари официјално ќе биде познато како Фугинг.

Меѓу образложенијата за одлуката на општинскиот Совет, се наведува и тоа дека на жителите им било доста од крадењето на знаците, како и од луѓе кои се фотографирале на влезот на селото.

Scroll to Top