Брнабиќ: Во јануари ќе имаме милион дози вакцини против Ковид-19

пред 3 години

Премиерката Ана Брнабиќ изјави дека во јануари, покрај 4.870 вакцини на „Фајзер“ и „Бајонтек“, Србија ќе добие уште 16.000 дози од тој производител во јануари, и дека заедно со другите вакцини ќе има вкупно еден милион дози во јануари, а во текот на првиот квартал вкупно околу два милиони дози.

„Ја имаме оваа динамика на испорака на Фајзерови вакцини, и како што варира производството на вакцини, така се менува и испораката не само до Србија туку и до сите земји во светот. Очекувавме 10.000 дози од „Фајзер“ и „Бајонтек“ во декември. Пристигнаа 4.870 дози, но од друга страна очекуваме дека дополнителни 16.000 дози ќе пристигнат во јануари“, изјави Брнабиќ пред новинарите.

Во текот на јануари, очекуваме значително поголеми количини на кинеска вакцина Синовак, додаде Брнабиќ.

„А во најскоро време и руските вакцини ’Спутник 5’. А на почетокот на вториот квартал очекуваме дополнителни количини на ’Астра зенека’. И се надевам дека во разговорите со нив ќе успееме да ја добиеме и вакцината од американскиот производител ’Модерна’”, рече таа.

Брнабиќ вели дека сигурно ќе има околу два милиони дози вакцини во текот на првиот квартал, и секако еден милион дози во јануари.

Scroll to Top