Ако ве „боцнат“ со две различни вакцини, нема да имате сериозни нуспојави, покажа нова студија

пред 3 години

Повеќето луѓе кои примиле две дози вакцина против коронавирусот од различни производители, имале лесни до умерени несакани ефекти, покажува најновото истражување на Универзитетот Оксфорд.

Истражувани се над 800 лица и се покажа дека тие имале мали несакани ефекти по мешањето дози на вакцини од „АстраЗенека“ и „Фајзер“/„Бионтек“.

Како што е соопштено, несаканите ефекти биле краткотрајни и немало други безбедносни последици, а доброволците најчесто се жалеле на треска, замор, главоболки, замор и болки во мускулите.

Scroll to Top