Активистка за човекови права пронајдена мртва во Канада

пред 3 години

Пакистанската активистка за човекови права, Карима Белуџ е пронајдена мртва во Торонто, Канада, каде што живее во егзил во последните пет години. Телото на Карима Белуџ (37) е пронајдено откако полицијата во Торонто претходно објави дека таа исчезнала во неделата, а полицијата изјави дека „не веруваат дека има сомнителни околности“ во врска со нејзината смрт, пренесува Би-би-си.

Активистката од провинцијата Белуџистан во западен Пакистан, беше позната како остар критичар на пакистанската армија и држава. Таа беше една од организаторите на студентски протести кои бараа независност на Балуџистан. Таа го напушти Пакистан во 2015 година, откако беше обвинета за тероризам.

Според нејзиниот пријател и колега Латиф Џохар Балуџа, кој исто така живее во Торонто, таа била изложена на закани дури и по напуштањето на Пакистан. Тој за Би-би-си изјави дека неодамна добила анонимна закана во која некој ја предупредил дека ќе и испрати „Божиќен подарок“ и дека „ќе и одржи лекција“.

Scroll to Top