САД се вратија во Советот за човекови права на ООН, ќе бидат набљудувач

пред 3 години

САД денеска соопштија дека повторно ќе се приклучат на Советот за човекови права на Обединетите нации во улога на набљудувач.

Тоа го најави вршителот на должноста во американска мисија во ООН во Женева, на крајот на денешната седница на Советот.

– Задоволство ми е да ве известам дека секретарот (Ентони) Блинкен ќе објави дека Соединетите Американски Држави повторно ќе се приклучат на Советот за човекови права на Обединетите нации како набљудувач. Ние го правиме тоа знаејќи дека најефикасен начин за реформа и подобрување на Советот е принципелно ангажирање во неговата работа, рече тој.

Администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од Советот за човекови права во 2018 година.

Scroll to Top