Албански пратеник под истрага, двајца негови внуци продавале кокаин

пред 3 години

По широката операција под кодно име „Атос“, во која, покрај албанската полиција, биле вклучени и германската и белгиската полиција, во која се уапсени шест албански државјани, истрагите веќе ги презеде Специјалното обвинителство во Албанија, СПАК, јави Топ чанел телевизија.

Меѓу упасените се и Фиоралб(24) и Рамазан(27) Раја, внуци на пратеникот од владејачката Социјалистичка партија, Рахман Раја, кои се сметаат за „мозоци на криминалната група“,која шверцувала големи количини кокаин од Латинска Америка во Европа.

-Во временски период од три години, почнувајќи од 2018 година, од оваа група се запленети 1,2 тони кокаин. Групата профитот го вложувала во Албанија во недвижен имот, возила и банкарски сметки. СПАК ќе истражува хипотеки, банкарски сметки како и извештаи за трансфери направени во изминатите години, наведува телевизијата.

Проверка ќе биде извршена и на имотот на пратеникот Рахман Раја во согласност со законот за борба против мафијата, како „лице поврзано со двајца од осомничените“ и за каков било неоправдан имот ќе се бара одземање.

Останатите уапсени албански државјани се на возраст од 29 до 37- годишна возраст. Во меѓувреме уапсени се уште две лица, еден литвански и еден грчки државјанин.

Scroll to Top