Албански државјанин фатен со кокаин кај Ќафасан

пред 4 години

Попладнево на патот од граничниот премин Ќафасан кон Струга, полицијата запрела 23-годишен албански државјанин и во неговиот „Голф“ пронашла околу 50 грама кокаин, соопшти МВР.

„На 09.10.2020 околу 17.15 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со ОВР Струга и Регионален центар Запад на патот Граничен премин Ќафасан – Струга запреле возило „голф“ и го привеле Р.К. (23) од Либражд, Албанија, кај кого е пронајдено околу 50 грама кокаин,“ се вели во соопштението.

Р.К. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава до надлежното обвинителство, додаваат од МВР.

Scroll to Top