Амбасада на САД во Софија: Го поддржуваме суверенитетот на Бугарија

пред 3 години

Амбасадата на САД во Бугарија на своите профили на Фејсбук и на Твитер изрази поддршка за постапките на Бугарија во врска со откривањето дека руски воени разузнавачи се одговорни за експлозиите во бугарски воени фабрики и магацини во последните десет години.

– Бугарија е пријател, сојузник на НАТО и стратешки партнер. Ние силно го поддржуваме суверенитетот на Бугарија и уште еднаш стоиме заедно со неа против злонамерните активности на нејзина територија, пишува американската амбасада во Софија.

Scroll to Top