Дендиjас: Дијалогот со Турција не значи дека се одрекуваме од суверенитетот

пред 3 години

Несомнено најважната вест е нашето прифаќање на поканата што ми ја упати мојот турски колега за да се сретнам со него во Анкара. Секако, грчката страна од почеток јасно стави до знаење дека оваа посета ќе се одржи доколку се задржат соодветните услови, рече денеска шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас по завршувањето на состанокот на Националниот совет за надворешна политика.

Главното прашање биле односите со Турција, како и средбата Чавушоглу- Дендиас на 14 април, а шефот на грчката дипломатија истакна дека е корисно турските функционери да избегнуваат изјави кои не помагаат во „напорите да се консолидира климата на добрососедски односи“.

-Сакам да истакнам дека Грција не се плаши од дијалог. Дијалогот не претставува одрекување од суверенитетот и суверените права. Влегуваме во дијалог токму за да ја промовираме праведноста на нашите позиции. Неопходна компонента за продолжување на дијалогот е деескалација, одржување на деескалацијата и консолидација на мирната клима, истакна Дендиас.

Шефот на грчката дипломатија изрази задоволство дека состанокот на кој освен претставниците на опозициските партии, присуствуваше и министерот за одбрана Никос Панајотопулос, поминал во духот на национална едногласност, иако е „разбирливо дека постојат различни пристапи за одредени прашања“.

Пред состанокот, Дендиас, во присуство на Панајотопулос имал телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во пресрет на состанокот во Брисел.

Scroll to Top