Американски конвој од 45 оклопни возила влезе во Сирија

пред 3 години

Конвој од американски воени возила и неколку цистерни за гориво, oд северен Ирак влегол во сириските провинции Хасака и Дир ес-Зур на северо-истокот на земјата, објави денеска сириската телевизија.

Според извештајот, најмалку 45 оклопни возила и камиони со муниција влегле во Сирија, пренесува агенцијата „Тасс“.

Сириската телевизија наведува дека Соединетите држави видливо го зголемиле своето воено присуство во Сирија од почетокот на годинава.

Од 2015 година, САД отворија девет воени бази во североисточна Сирија, од кои четири не се далеку од нафтените полиња во провинцијата Дир ес-Зур, додека пет се во соседната провинција Хасака.

Во октомври минатата година, уште 5.000 американски војници беа испратени во Сирија, чија задача е да им помогнат на сириските Демократски сили предводени од Курдите, да се борат против Исламската држава.

Scroll to Top