Русија со една милијарда долари ќе помогне во обнова на Сирија

пред 4 години

Русија одвои повеќе од една милијарда долари за реконструкција на електричната мрежа, индустриските постројки во Сирија и за други хуманитарни цели, изјави директорот на руско-сирискиот координативен центар за враќање на бегалците, Михаил Мизинцев.

„ Повеќе од милијарда долари се издвоени за хуманитарни цели, реконструкција на електричната мрежа и објектите за индустриско производство, како и верски објекти“, рече Мизинцев на Меѓународната конференција за враќање на бегалците во Сирија.

Путин вчера за време на видео конференција со сирискиот претседател Башар ал-Асад, потврди дека Русија го поддржува одржувањето на претстојната меѓународна конференција за бегалците.

„ Повеќето бегалци кои се надвор од Сирија се работоспособни луѓе кои би можеле и треба да учествуваат во реконструкцијата на нивната земја. Нивното враќање е во согласност со интересите на земјите што ги примија, пред се на сириските соседи. „Бидејќи товарот што го трпат е доста голем и тие имаат големи трошоци за нивно привремено сместување и други работи“, рече Путин.

Путин истакна дека младите бегалци можат да претставуваат закана за земјата во која живеат, затоа што тие паѓаат под влијание на екстремистите.

Scroll to Top