Амнести Интернешнл: Меѓународниот кривичен суд да ги испита израелските напади

пред 3 години

Амнести Интернешнл го повика Меѓународниот кривичен суд да го испита израелскиот напад врз зградата во која се сместени канцеларии на странски медиуми и уште еден напад во кој беа убиени десет лица, од кои осум деца. АИ ги означија тие напади како – воено злосторство.

АИ е „длабоко загрижена од растечкиот број на жртви“ во Газа, каде вкупниот број на жртви во израелските напади од понеделникот, кога започнаа судирите со палестинските екстремистички организации, надмина 180.

Десет члена на едно семејство беа убиени во израелските воздушни напади во саботата, а зградата во која се канцеларии на Асошиејтед Прес, Ал Џезира и Кувајтската телевизија беше срамнета со земја.

Смртта на едно семејство во бегалскиот камп Ал Шати се смета за најсмртоносен напад од почетокот на најновите конфликти, а три згради беа уништени во нов напад денеска, при што загинаа 33 лица, 12 жени и осум деца, а сега е најсмртоносниот напад од почетокот на конфликтот.

Амнести Интернешнл на Твитер објави дека судот во Хаг мора да го испита нападот врз кампот Ал Шати, наведувајќи дека директните напади врз цивили се воено злосторство и дека нападот врз зградата на медиумите мора да се испита како воено злосторство.

Scroll to Top