Нетанјаху: Одлуката на Меѓународниот кривичен суд е антисемитска

пред 3 години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја отфрли пресудата на Меѓународниот кривичен суд (МКС) со која се дозволува истрага на воените злосторства на окупираните палестински територии. Тој го опиша тоа како „чист антисемитизам“ и рече дека ќе се бори против ова „нарушување на правдата“.

Меѓународниот кривичен суд вчера донесе одлука дека неговата јурисдикција се протега на териториите окупирани од Израел пред 1967 година, поточно Појасот Газа и Западниот брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим. Од 2015 година, палестинските територии се дел од јурисдикцијата на МКС.

– Одлуката на МКС е победа за правдата и човештвото, за вистината, правичноста и слободата и за крвта на жртвите и нивните семејства, рече палестинскиот премиер Мохамед Штаје. МКС сега ќе може да ги испита постапките на Израел во конфликтот против Газа, палестинските затвореници во 2014 година и проширувањето на еврејските населби на Западниот брег.

Од своја страна, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја осуди одлуката и го опиша МКС како „политичко тело“, пренесува БГНЕС.

– Трибуналот уште еднаш докажа дека е политичко тело, а не судска институција, рече Нетанјаху. Според него, одлуката на судот го поткопува „правото на демократиите да се бранат од тероризам“.

– Судот основан за спречување на злосторства како што е нацистичкиот холокауст врз еврејскиот народ, сега е насочен кон унифицирана држава на еврејскиот народ, рече тој.

Според Нетанјаху, МКС треба да ги испита „бруталните диктатури како што се Иран и Сирија, кои прават секојдневно ужасни злосторства“.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека има „сериозна загриженост“ во врска со одлуката на меѓународниот трибунал и смета дека неговата јурисдикција не треба да се протега на израелската војска, бидејќи земјата не е членка.

Scroll to Top