Амфилохие испрати порака од болница: Го носам крстот

пред 4 години

Митрополитот црногорско-приморски Амфилохие испрати порака од Клиничкиотт центар, каде е на лекување откако беше потврдено дека е позитивен на коронавирус.

Тој порача дека се обидува да го носи и својот и крстот на црногорско-приморската Митрополија, учествувајќи во оваа болест и во страдањата на милиони луѓе во светот, пренесе „Спутник“.

„ Бог ги користи овие средства за да нè потсети дека смртта не е последен збор во овој живот, туку само подготовка за она што е вечно. Во тоа име, ги поздравувам и благословувам сите што се грижат за моето здравје, барајќи од нив да се грижат за здравјето на сите кои страдаат, не само овде во болницата во Црна Гора, туку и целиот свет “.

Scroll to Top