Ана Бранбиќ ја прими втората доза од вакцината на „Фајзер“

пред 3 години

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ ја прими денеска и втората доза од вакцината на Фајзер. При ревакцинацијата таа ги повика граѓаните масовно да се приајвуваат за вакцинацијата.

„Верувам во вакцинацијата и во нашите институции. Ги повикувам граѓаните да се пријавуваат затоа што со заеднички сили можеме да победиме“ – напиша Брнабиќ на профилите на социјалните мрежи.

Ана Брнабиќ првата доза од вакцината ја прими на 24. декември со што стана првиот европски премиер што се вакцинирал.

Scroll to Top