ВИДЕО: Бајден ја прими вакцината на „Фајзер“ пред камери

пред 3 години

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, ја прими првата од двете дози на новата вакцина против Ковид-19 на „Фајзер/Бионтек“, истакнувајќи ја нејзината безбедност.

Во присуство на голем број медиуми, Бајден се вакцинираше во клиника во Њуарк, во родната држава Делавер, а настанот се пренесуваше во живо на Си-ен-ен.

Откако кажа „Спремен сум“, Бајден го заврте ракавот на левата рака, пред да ја добие инјекцијата.

„Ви должиме многу,“ ѝ кажа новоизбраниот претседател на медицинската сестра Тејб Масе, која го вакцинираше. Бајден носеше заштитна маска и му се заблагодари и на целиот персонал во клиниката.

Во изјавата по имунизацијата, тој ѝ оддаде почит и на администрацијата на претседателот во заминување Доналд Трамп, за нејзините напори за брзо обезбедување и одобрување на вакцината.

Scroll to Top