Ангела Меркел: Шокирана сум

пред 4 години

Германската канцеларка Ангела Меркел е шокирана од терористичките напади во Виена и истакнува дека Германија е цврсто со Австрија во борбата против исламскиот тероризам.

„Во овие страшни часови, кога Виена стана цел на терористичко насилство, моите мисли се насочени кон граѓаните и безбедносните сили кои се соочуваат со опасности“, рече Меркел во изјавата објавена на „Твитер“ од нејзиниот портпарол.

Таа посочи дека Германците изразуваат солидарност со своите австриски пријатели, пренесува „Ројтерс“. „Борбата против исламскиот тероризам е наша заедничка борба“, рече германската канцеларка.

Во терористичките напади што се случија синоќа во центарот на Виена на повеќе локации загинаа четири лица, двајца мажи и две жени, а полицијата уби и еден од напаѓачите.

Најмалку 17 лица се повредени, од кои најмалку шест имаат сериозни повреди.

Scroll to Top