Апсења на протестите во Ереван, 77 демонстранти завршија во притвор

пред 3 години

Специјалните полициски сили на Ерменија денеска уапсија 77 демонстранти, кои ја блокираа зградата на Владата и бараа оставка од премиерот Никол Пашинјан.

Пашињан и другите членови на Владата успеаја да влезат во зградата и покрај протестот.

– Сега целта ни е да не излезат од зградата додека Никол Пашинјан не поднесе оставка, изјави членот на опозициската партија Дашнактсутиун, Ишахан Сагателиан.

Претседателот на Ерменија, Армен Саркисијан претходно повика на организирање на вонредни парламентарни избори, а Пашињан наведе дека не планира да поднесе оставка, бидејќи владите треба да се менуваат само на избори.

Ерменската опозиција смета дека заедничката изјава што Пашинјан на 9 ноември ја потпиша со претседателите на Русија и на Азербејџан, Владимир Путин и Илхам Алиев, со која заврши судирот во Нагорно-Карабах, всушност е предавство на земјата.

Опозицијата исто така го обвинува Пашинјан за економските и социјалните проблеми во Ерменија.

Scroll to Top