АстраЗенека без образложение го откажа испитувањето на вакцината врз деца

пред 3 години

Фармацевтската компанија АстраЗенека нема да ја испитува вакцината против Ковид-19 врз група деца, кои биле планирани да учествуваат во тестирањето.

Во вториот дел од третата фаза на тестирањето требале да учествуваат повеќе од 12.000 деца на возраст над пет години, со согласност од родителите.

Сепак на 10 декември компанијата се откажала од таа идеја, но АстраЗенека, која развива вакцина со Универзитетот Оксфорд, не соопшти која е причината за откажувањето.

Scroll to Top