„Астра зенека“ во соработка со Русија ќе работи на комбинирање на вакцините

пред 3 години

Британската компанија „Астра зенека“ објави дека ќе почне соработка со рускиот Институт „Гамалеја“ со цел да се утврди дали нивните вакцини против Ковид-19 може успешно да се комбинираат. Институтот „Гамалеја“ ја разви вакцината „спутник 5“.

„Астра зенека“ соопшти дека работи на мултилатерална програма за имунизација против Ковид-19 преку потенцијална комбинација на вакцини.

Во соопштението се додава дека е можно комбинацијата на вакцини да го подобри имунитетот за подолг временски период.

Производителите на вакцината „спутник 5“ се подготвени да ја споделат својата технологија со фармацевтските компании од Франција и Велика Британија – „Санофи“ и „ГалаксоСмитКлајн“ (ГСК), е објавено на твитер-профилот на „Спутник 5“.

„Тимот на ’спутник 5’ е подготвен да ја сподели технологијата со ‘Санофи’ и ГСК за да им помогне да ја развијат вакцината до крај. Партнерството на разни производители е наш пат кон иднината. Заедно можеме да бидеме посилни“, стои во твитот пренесен од ТАСС.

Scroll to Top