Баку: Ерменија ракетирала повеќе градови, убиени 24 цивили

пред 4 години

Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти денеска дека ерменските вооружени сили извршиле ракетни напади врз градот Хорадиз, населби во округот Ахџабади, градот Тертер и околни населби, како и територијата Горанбој и Гојгол.

Како што се наведува во соопштението на Министерство, поради тоа биле преземени соодветни против мерки.

Канцеларијата на јавниот обвинител соопшти дека во регионот на Нагорно Карабах се убиени 24 цивили, а 121 лице е повредено, од 27 септември кога почнаа судирите во таа област. Во нападите се оштетени и 56 цивилни објекти и 306 куќи.

Scroll to Top