Бахреин е втората држава во светот што ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“

пред 3 години

Кралството Бахреин е втора земја во светот, по Велика Британија, која издаде дозвола за итна употреба на вакцината против Ковид-19 на компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“.

Дозволата е издадена по детална анализа на сите достапни податоци, јави денеска државната новинска агенција на Бахреин.

Кралството не соопшти колку дози на вакцина се набавени ниту кога ќе почне вакцинацијата.

Бахреин претходно издаде дозвола за итна употреба на кинеската вакцина што ја разви „Синофарм“.

Вакцината што ја развија американската компанија „Фајзер“ и германската компанија „Бионтек“, прва во средата ја одобри Велика Британија.

Scroll to Top