Вакцината на „Фајзер-Бионтек“ обезбедува шест пати посилна заштита за лицата кои прележале Ковид-19

пред 3 години

Британска студија која опфаќа 237 лица покажа дека оние кои веќе прележале Ковид-19 имале посилен клеточен или имунолошки одговор на Т-клетките на вирусот откако биле вакцинирани со вакцината на „Фајзер-Бионтек“, дури шест пати посилен од оние кои не биле заразени, објавија британските медиуми.

Во исто време, само една доза вакцина на „Фајзер“ предизвикува имунолошки одговор сличен на оној генериран од телото по заразата и обезбедува заштита од различни видови на коронавирус за луѓето кои прележале Ковид-19, покажа неодамнешното истражување во Велика Британија.

Авторот на студијата, д-р Тишан де Силва од Универзитетот „Шефилд“, рече дека кај оние кои прележале Ковид-19, одговорот на заразата бил ефикасен и во случај на мутирани, нови варијанти на коронавирусот, како што е јужноафриканската варијанта.

Scroll to Top